Подетално

Подетални информации

09-13 МАРТ 2017

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ  - 720ЕВРА 
АВИОН ОД СКОПЈЕ + ТРАНСФЕР + 4 НОЌЕВАЊА ВО ДУБАИ 4* ХОТЕЛ НА БАЗА НП + ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА + ПУСТИНСКО САФАРИ СО ВЕЧЕРА (СКАРА И ЛОКАЛНА ХРАНА) + КРСТАРЕЊЕ ПО КРИКОТ СО ВЕЧЕРА  

валидна за резервации и уплата до 31.01.2017 или до пополнување на местата 

Цената е по лице за сместување во наведена двокреветна соба за даден период за максумум две лица. 
Програмот е валиден за група од мимимум 15 лица
 
Програма на патувањето: 
5-/ 4 ноќи, - авиокомпанија "FLY DUBAI"
 
1 ден СКОПЈЕ-ДУБАИ. Полетување на авионот за Дубаи во 13.00 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21.00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
 
2 ден ДУБАИ (ОПЦИОНО ПОСЕТА НА НАЈВИСОКАТА КУЛА Burj Khalifa), ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА 
Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга, наутро инфо состанок и слободно време претпладне за индивидуални активности. Попладне се тргнува на пустинско сафари.
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода се вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање во кампот.  
 
3 ден ДУБАИ СО ТУРИ - ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour, НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise  
После доручекот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи и  во вечерните часови одиме на крстарење по крикот (со вклучена вечера).
Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот полни со прекрасни спомени.
Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него.  Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).  
 
4 ден ДУБАИ -  ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ. Опции за организирање на факултативни излети – ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ, MIRICLE GARDEN, GLOBAL VILLAGE, DUBAI PARKS & RESORTS…
 
5 ден ДУБАИ-СКОПЈЕ. Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.30 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.15 часот.
 
Цената вклучува: 
- Повратен авионски билет на релација  Скопје - Дубаи – Скопје со FLYDUBAI;
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром ;
- хотел 4* SOMEWHERE HOTEL TECOM 4* - DUBAI CITY http://somewhere-hotels.com/tecom-home/
- 4 ноќевања во избраниот хотел на база ноќевање со појадок;
- придружник за цело време на патувањето, согласно програма и вклучени екскурзии
- ПОЛУДНЕВНА ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА - (збирна тура со водич/ преведувач на српски јазик)
- ПУСТИНСКО САФАРИ (збирна тура со групен трансфер, без водич на српски јазик, вклучена вечера)
- КРСТАРЕЊЕ ПО КРИКОТ (збирна тура со групен трансфер, без водич на српски јазик, вклучена вечера)
- Услуга водич на српски јазик во Дубаи за екскурзии согласно програма и напомена, за факулативи и дополнителни информации
- Организација и реализација на патувањето


Политика и услови

НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

Начин на плаќање

Кредитна картичка - Master/ Visa Card -

Денови : 5 | Ноќи : 6


Вклучува


  • Cab Facilities
  • Local tax
  • Playground Nearby
  • Return Ferry Tickets
  • Bike equipment
  • Complimentary Breakfast
  • Local Guides/Maps
  • Collision Coverage
  • Transportation
  • Restaurant Nearby
  • Golf Nearby
  • Deluxe Coach
  • Central Air/Heat
  • Parking
  • Guides / Assistance
  • Live entertainment
  • Dinner
  • Cruise
  • Room service and meals
  • Professional tour escort
  • Beach Access
  • Roundtrip Hotel Transfers
  • Suitable for Children
  • Historic Area Nearby
  • Snowcat ride
  • Admission to park(s)
  • Driver
  • Diving Nearby
  • Service fee for tour guide
  • Air Conditioning
  • Internet Access
  • Hotel pickup and drop off
  • Amusement Park Nearby
  • Gratuities (optional)
  • Safety deposit boxes
  • Lunch
  • wheelchair
  • Jetski Tours Nearby
  • Shopping
  • Deck Furniture
  • Security System
  • State/National Park Nearby

Исклучоци


  •     Extra stay pre/post tour    
  •     Extra water bottle charges    
  •     Medicines required if any    
  •     Airfare & airport taxes    
  •     Visa charges    
  •     Insurance    
  •     Passport costs    
  •     All meals and drinks    
  •     Tips to coach drivers    
  •     Tips and Gratuities    
  •     Return Airport Transfer    
  •     Any optional tours    
  •     Any airport arrival/departure tax    
  •     Alcoholic beverages    
Додајте во листа на желби
Мартео Травел - „Дубаи - 8-ми…
Скопје
Начин на резервација
Одберете Дата
Со Број Цена
Луѓе 10,540 10,540
Деца 620 0
Новороденчиња 0 0

Вкупно 10,540 Денари
Аванс 0 Денари

Оставете мислење x

Напомена : Откако ќе го оставите вашето мислење нема да може да го промените или избришете

Превземете ја мобилната апликација!

Нашата мобилна апликација е спремна за вашите брзи резервации и ви нуди: Безбедно плаќање, лесен процес во четири чекори, и елегантен кориснички дизајн.

ios
android
apps