Подетално

Подетални информации

12 дена/ 11 ноќи (9 ноќи крстарење)

1. ден (01.10.2016.)

СКОПЈЕ – САВОНА

Состанок на патниците на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски во 09:30 часот. Поаѓање во 10:00 часот. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија.

2. ден (02.10.2016.)

САВОНА

Пристигнување во Савона во претпладневните часови. Чекирање на бродот Коста Фаволоса. Организиран разглед на Савона. Испловување на бродот во 17:00 часот.

3. ден (03.10.2016.)

Пловидба

Пловидба. Уживање во содржините на бродот.

4. ден (04.10.2016.)

Малага

12:30 – 18:00

Организиран разглед на Малага со нашиот водич. Основана пред повеќе од 2000 години, Малага е едно од најстарите пристаништа на Медитеранот. Емотивна прошетка низ родното место на Пабло Пикасо, еден од најголемите уметници во историјата.

5. ден (05.10.2016.)

Казабланка

07:30 – 22:00

Можност за организирање на факултативен разглед на Казабланка. Основана во 1515 година од Португалците, Казабланка прераснува во динамична метропола со широки авении и модерни згарди во европски стил. Посетата на старата Медина претставува несекојдневно искуство. Прошетка до плоштадот на Обединетите Нации и плоштадот на Мохамед V. Продолжуваме до Кралската палата – панорамски разглед. Во овој дел на градот може да се видат типични продавници со рачни изработки и сликовит пазар на маслинки. Продолжуваме до најзначајната точка на Казабланка, џамијата на Хасан II, втора по големина во светот, импресивно изградена на самиот брег на Атланскиот океан – панорамски разглед. Продолжуваме по прекрасниот пат покрај брегот, каде поминуваме покрај резиденцијалните квартови Анфа и Аин Диаб, и турситичка област со прекрасни базени скриени помеѓу карпи, многу ресторани и барови.

6. ден (06.10.2016.)

Кадиз

09:30 – 18:30

Организиран разглед на Кадиз. Прошетката на градот основан од Феникијците во 8 от век пред нашата ера започнува со посета на неговите најстари плоштади: Plaza de San Antonio, омиленото место за престој на боргезите во 17 от век, опкружен со елегантни згради и барокната фасада на црквата Сан Антонио. Plaza de España и Plaza de Mina, конструирани во 14 от век и некогаш дом на градините на Манастирот Сан Франциско. Додека се движиме кон Кулата Тавира, ќе не шармира елеганцијата на палатите од 18 от и 19 от век, вклучувајќи го и домот на Мануел де Фаља, познатиот композитор од 20 от век. Бред да се искачиме до Кулата Саат и да уживаме во панорамата која одзема здив од највисоката точка на градот, ќе застанеме кај Cámara Oscura, вистински единствена атракција која вклучува проекција на живи – подвижни слики на градот користејќи бел екран, огледало и волшебни леќи: незаборавно искуство. Продолжуваме до Plaza de las Flores и ја користиме можноста за прошетка по карактеристичните тесни улички кои го пресекуваат градот. Магијата продолжува со познатата Катедрала изградена од злато и сребро донесено од Новиот Свет, златната купола над градбата во барок стил измешан со неокласични елементи. Катедралата е паметник на златната ера на Кадиз кога градот го контролирал најголемиот дела на трговијата со Америките (од 17от века натака). Конечно имаме време да го откриеме квартот Pópulo, еден од најстарите во градот бред да застанеме на Plaza San Juan de Dios , општинскиот центар со бројни карактеристични барови.

7. ден (07.10.2016.)

Лисабон

09:00 – 18:00

Можност за организирање на факултативен разглед на Лисабон. Лисабон лежи на ридовите кои ги опкружуваат реката Тежо и Атлански океан. Постојат многу споменици кои подсетуваат дека бил престолнина на моќните поморски сили: кула Белем, манастирот Св. Жеронимо, прекрасните плоштади Комерсио и Рестастурадорес, многу бројни цркви и палати на богатите трговци и сопственици на земјишта. Квартот Алфама, над кого се издигнува тврдината Св. Ѓорѓи, го задржал изгледот на средновековен град со тесни улички и со некои од најтесните згради на стариот континент. Спроти него се стрмните улици Бариа Алта и Сиадаса со голем број на галерии, театри, паркови и одлични ресторани. Се препорачува да се посети музејот Гилбенкијан и паркот на нациите. Панорамски разглед на градот со автобус во придружба на водич на: Помбалов плоштад, Авенијата Слобода, Плоштадот Рестаурадорес, Родио, плоштадот Комерсион, Белем кула, Манастирот Св. Жеронимо, Споменикот на откритијата.

8. ден (08.10.2016.)

Пловидба

Пловидба. Уживање во содржините на бродот.

9. ден (09.10.2016.)

Валенсија

13:00 – 19:00

Организиран разглед на Валенсија со нашиот водич. Се плаќа само шатл бус до центарот на градот – еур 12 повратна карта. Берзата на Свила која е под заштита на УНЕСКО, централниот плоштад, кулата Серанос и најголемата сочувана Готска капија во Европа. Валенсија е третиот по големина град во Шпанија, град на сонцето, песочните плажи, палми и ноќен живот, град на модерните градби на познатиот архитект Сантијаго Калатраве и еден од градовите со најпријатна клима во Европа, кој има повеќе од 300 сончеви денови.

10. ден (10.10.2016.)

Барселона

08:00 – 13:00

Можност за организирање на факултативен разглед на Барселона. Булеварот Дијагонал, главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија -  централниот градски плоштад - точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо- местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село.... Гаудиеви згради: Casa Mila и Casa Batllo..

11. ден (11.10.2016.)

Савона - Скопје

Пристигнување во Савона во 09:00 часот. По излегување од бродот поаѓање за Скопје. Попатно застанување во Noventa Di Piave – еден од најголемите Outlet designer во Италија. Продолжување на патот кон Скопје.

12. ден (12.10.2016.)

Скопје

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

Политика и услови


Начин на плаќање

Кредитна картичка - Paypal - Master/ Visa Card -

Денови : 12 | Ноќи : 11


Вклучува


  • Cab Facilities
  • Local tax
  • Playground Nearby
  • Return Ferry Tickets
  • Bike equipment
  • Complimentary Breakfast
  • Local Guides/Maps
  • Collision Coverage
  • Transportation
  • Restaurant Nearby
  • Golf Nearby
  • Deluxe Coach
  • Central Air/Heat
  • Parking
  • Guides / Assistance
  • Live entertainment
  • Dinner
  • Cruise
  • Room service and meals
  • Professional tour escort
  • Beach Access
  • Roundtrip Hotel Transfers
  • Suitable for Children
  • Historic Area Nearby
  • Snowcat ride
  • Admission to park(s)
  • Driver
  • Diving Nearby
  • Service fee for tour guide
  • Air Conditioning
  • Internet Access
  • Hotel pickup and drop off
  • Amusement Park Nearby
  • Gratuities (optional)
  • Safety deposit boxes
  • Lunch
  • wheelchair
  • Jetski Tours Nearby
  • Shopping
  • Deck Furniture
  • Security System
  • State/National Park Nearby

Исклучоци


  •     Extra stay pre/post tour    
  •     Extra water bottle charges    
  •     Medicines required if any    
  •     Airfare & airport taxes    
  •     Visa charges    
  •     Insurance    
  •     Passport costs    
  •     All meals and drinks    
  •     Tips to coach drivers    
  •     Tips and Gratuities    
  •     Return Airport Transfer    
  •     Any optional tours    
  •     Any airport arrival/departure tax    
  •     Alcoholic beverages    
Додајте во листа на желби
Марте Травел - КРСТАРЕЊЕ ПО…
Скопје
Начин на резервација
Одберете Дата
Со Број Цена
Луѓе 31,000 31,000
Деца 21,700 0
Новороденчиња 0 0

Вкупно 31,000 Денари
Аванс 0 Денари

Оставете мислење x

Напомена : Откако ќе го оставите вашето мислење нема да може да го промените или избришете

Превземете ја мобилната апликација!

Нашата мобилна апликација е спремна за вашите брзи резервации и ви нуди: Безбедно плаќање, лесен процес во четири чекори, и елегантен кориснички дизајн.

ios
android
apps