Политика на приватност


Прибирање на податоци и нивна употреба

СУПЕРПОНУДА.МК се обврзува да ја штити приватноста на корисникот, согласно Законот за заштита на личните податоци.

Сите податоци за корисникот се потребни заради вршење на резервација за одредена услуга која што се нуди на нашиот портал, за издавање на патнички ваучер или за информирање за најновите понуди (доколку тоа Вие го побарате).

Кои информации ги добиваме, и како ги користиме истите

Податоците кои се дадени при резервација на еден туристички пакет, ги посредуваме до организаторот на конкретното патување, исклучиво заради извршување на резервација и издавање на патничкиот ваучер.
На ваше барање може да ви испраќаме и актуелни туристички понуди, last minute понуди и новости за нашата интернет страна. Во случај да овие известувања не сакате да ги примате, можете од нив да се одјавите кога тоа ќе го посакате.
Вашите лични податоци ќе бидат искористени за точна и навремена испорака на ваучерите, за наградни игри, анализа и подобрување на нашиот портал, како и за подобрување на понудата на услугите.

Откривање на податоците

СУПЕРПОНУДА.МК го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци во случаи кога тоа се бара по закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка, за заштита на нашите бизнис интереси и интересите на нашите корисници.

Заштита на лични податоци

СУПЕРПОНУДА.МК се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. СУПЕРПОНУДА.МК порталот содржи и документи, податоци, информации и врски до други Интернет страници креирани од трети лица (линкови) кои ќе бидат обележани како такви, секогаш кога тоа е можно. Кога ќе ја напуштите е-продавницата на СУПЕР ПОНУДА, ве молиме водете сметка и прочитајте ги изјавите за заштита на личните податоци на секоја интернет страница.

Промени во политиката за приватност на личните податоци


СУПЕРПОНУДА.МК има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на главната страница на веб-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Им обрнуваме внимание на  корисниците често да ја проверуваат оваа страница за какви било измени за да бидат информирани на кој начин овозможуваме заштита на личните податоци што ги прибираме. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова/нејзина одговорност периодично да ја проверува политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Право на информации

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ги употребуваме истите, ве молиме контактирајте не на contact@mreza.mk.
На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на нашата е-продавница.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од политиката за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со политиката, ве молиме не користете ја нашата страница. Вашето континуирано користење на страницата следејќи ги промените на оваа политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.

Контактирајте не

Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на личните податоци на Страната, практиките или комуникацијата со Страната, ве молиме контактирајте не на:


Со почит,




Превземете ја мобилната апликација!

Нашата мобилна апликација е спремна за вашите брзи резервации и ви нуди: Безбедно плаќање, лесен процес во четири чекори, и елегантен кориснички дизајн.

ios
android
apps